Џирона ќе го продава Довбик!

Челниците на Џирона ја одредија трансфер сумата за Украинецот Артем Довбик. Доколку некој тим сака да го купи ќе мора да плати најмалку 40 милиони евра, пренесува „Фудбал Еспана“, повикувајќи се на инсајдерот, Фабрицио Романо.

Според тој извор, Довбик (26) е заинтересиран за преселба во кој било врвен клуб. Пред извесен период се појави информација дека за неговите услуги е заинтересиран италијанскиот Наполи кој во Украинецот гледа замена за Виктор Осимен, кој веројатно ќе замине во ПСЖ, во Франција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО