НБА лига: Виктор Вембањама е „дебитант“ на годината, трет од Европа

Французинот Виктор Вембањама го доби признанието за „дебитант на годината“, објави НБА лигата. Вембањама (20), кој беше прв избор на Сан Антонио спарс на драфтот во јуни 2023 година, е првиот Французин кој ја доби оваа награда и трет Европеец, по Шпанецот Пау Гасол (2002) и Словенецот Лука Дончиќ (2019-та).

– Знаев дека треба да бидам добар индивидуално и доминантен на теренот за да стигнам далеку, изјави Вембањама за ТНТ.

Иако неговиот тим не постигна позабележителни резултати сезонава, го освои 14-то место на Западот, првата НБА сезона за францускиот кошаркар висок 2,24 метри беше успешна на индивидуално ниво.

На 71 од 82 натпревари кои ги одигра сезонава, Французинот во просек постигнуваше по 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции и 3,6 блокади.

Тој стана миленик на навивачите и е третиот играч со најмногу видео прегледи на социјалните мрежи (1,3 милијарди) според НБА, зад суперѕвездите Леброн Џејмс (1,9) и Стивен Стеф Кари (1,7).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО