Бранителот на титулата во НБА лигата, Бостон селтикс ги победи Детроит пистонс со 123:99 и ја прослави 20-та победа сезонава. Со оваа победа Селтикс има скор 20:5, само една помалку од Кливленд кавалирс (21:4).
Пејтон Причард беше најдобар во редовоте на Бостон со 27 поени, Дерик Вајт додаде 23 поени во победата на домашниот тим, 12-та последователна над Детроит. И покрај отсуството на ѕвездата, Џејсон Тејтум, кој има повредено колено, Селтикс одиграа добро и погодија дури 20 тројки.
„Пејтон беше неверојатен“, рече МВП-то на НБА финалето, Џејлен Браун за придонесот на Причард од клупата за резерви во текот на целата сезона, ставајќи го во сериозна конкуреција за најдобар шести играч годинава.
Резултати: Бостон селтикс – Детроит пистонс 123:99, Мајами хит – Торонто репторс 114:104. Њу Орлеанс пеликанс – Сакраменто кингс 109:111.