Големата ѕвезда на Кливленд кавалирс, Донован Мичел, стана главна трансфер цел на Лос Анџелес лејкерс. Според информациите на инсајдерот на магазинот „Атлетик“, Буха, „езерџиите“ сериозно размислуваат за доведување на Мичел и полека да го заокружат ростерот со шампионски квалитет и амбиции.
Мичел беше главна ѕвезда на Кливленд на 10-те плеј-оф натпревари сезонава, со просек од 29,6 поени, 5,4 скока и 4,7 асистенции. Кливленд се пласираше во полуфиналето на плеј-офот на Истокот, каде што загуби од Бостон селтикс, 1:4.