Гвардиола: Понекогаш се прашувам што правам се’ уште во Сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, даде интересна изјава за својата иднина, откако вчера им обезбеди четврта последователна титула на „граѓаните“ во Премиер лигата.

Шпанецот призна дека ќе остане во клубот и следната сезона бидејќи се’ уште е под договор со „граѓаните“. Сепак, додаде дека е се’ поблиску до излезот на „Етихад“.

– Следната година ќе ми биде деветта година овде. Во моментов чувствувам дека сакам да останам и следната сезона. Ќе разговарам со клубот, имаме време за тоа. Ќе разговарам и со играчите доколку се’ уште се со мене.

Останувам и следната сезона, а за натаму ќе видиме. Кога ја освоивме Лигата на шампиони, си реков: се’ е готово, што правам овде, нема што веќе да освоиме. Но, јас имам договор. Тука сум и уживам во моментите, иако понекогаш се чувстувам многу уморно, вели Пеп.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО