Аморим му “се заблагодари” на Кристијан Ериксен

Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен.

Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто.

Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен.

Ериксен дојде на „Олд Трафорд“ во 2022 година по одличната сезона во Брентфорд. Данецот претходно имаше одлична кариера во Тотенхем, но по несреќниот случај на Европското првенство во 2021 година кога Ериксен мораше да биде реанимиран, мораше да паузира неколку месеци.

Ериксен  ќе може да бара нов клуб, а од Јунајтед ќе си замине без обештетување. Во својата кариера настапуваше за Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО