Насри: ПСЖ одигра под очекувањата

 

Поранешниот француски фудбалер, Самир Насри, го критикуваше ПСЖ и ја нарече Борусија Дортмунд „просечен тим“.

Парижаните вчера доживеаја елиминација од ЛШ откако загубија и во реваншот на домашен терен од „милионерите“ со 1-0.

– Искрено, немам зборови. Не беа добри, не играа како што треба, не беа агресивни при пресингот. Сега се обидуваат да ни го продадат Дортмунд како голем тим но, тие се просечна екипа – изјави Насри.

– ПСЖ требаше да стигне до финалето на Лигата на шампионите со оглед на тешкотиите на Борусија но, никогаш не го најде рецептот – потенцираше Насри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО