Најскапиот трансфер на сите времиња, на Нејмар, под истрага поради даночна измама!

Во летото 2017 година Бразилецот Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ и постави нов светски рекорд во трансфер вреден 222 милиони евра.

Тој мега трансфер многупати беше споменуван, сега повторно е во фокусот, но во негативен контекст.

Според германскиот портал Билд, француското правосудство истражува дали парискиот клуб добил незаконски даночни олеснувања при купувањето на бразилската суперѕвезда.

Поранешниот потпретседател на француското национално собрание, Иг Ренсон е во центарот на истрагата.

Инспекторите истражуваат дали Ренсон го фаворизирал ПСЖ да добие даночни поволности во врска со рекордната трансферна сума.

Биле пресретнати и анализирани многубројни телефонски разговори меѓу Ренсон и тогашниот директор за комуникации на ПСЖ, Жан Марсијал Рибес, пренесува шпанскиот Ас.

Телефонските транскрипти покажуваат дека Ренсон наводно влијаел врз него да добие даночни олеснувања.

За возврат, политичарот наводно добивал билети за натпреварите на „Паркот на принцовите“, како и други привилегии.

Овие импликации се однесуваат најмногу на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи, кој очигледно бил вклучен во зделките со Ренсон и Рибес.

Доколку се покаже дека ПСЖ незаконски добил даночни олеснувања, клубот може да се соочи со високи казни и санкции.

Инаку, Бразилецот за шест години во француската престолнина освои пет титули во Лига 1 и е трикратен освојувач на националниот Куп. Лани летото Нејмар се пресели во Саудиска Арабија, во Ал-Хилал за 90 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО