Јокиќ постигна победничка тројка од центарот, но за еден скок остана покус за трипл-дабл

Никола Јокиќ погоди тројка од огромна далечина на истекот на времето за победа на Денвер нагетс над Голден Стејт вориорс со 130:127, иако неговиот тим заостануваше 18 поени во последната четвртина.

На Јокиќ му недoстигаше само еден скок за нов трипл-дабл. Тој постигна 34 поени, 10 асистенции и девет скока.

Бранителот на титулата Нагетс победи на 11 од 13-те гостувања, од кои на шест пo ред.

Јокиќ имаше голема помош од Арон Гордон и од Џамал Мареј кои постигнаа 30 и 25 поени. Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 30 поени. Клеј Томпсон додаде 24.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО