Најдобриот стрелец во историјата на „триколорите“ ја напушта репрезентацијата по ЕП

Францускиот фудбалер, Оливие Жиру најави дека по Европското првенство (ЕП) 2024 во Германија (од 14 јуни до 14 јули), ќе и стави крај на репрезентативната кариера.

Жиру, кој го напушти Милан и ќе ја продолжи кариерата американскиот Лос Анџелес, има одиграно 131 меч за Франција, и го освои Светското првенство (СП) 2018 година. Жиру (37) со 57-те гола, е најдобар стрелец на националниот тим на сите времиња, откако го надмина Тиери Анри на СП 2022-та.

– Да бидам искрен, ова ќе биде моето последно натпреварување со репрезентацијата. Очигледно многу ќе ми недостига. Но, мислам дека на овој француски тим крајот ќе му биде по ЕП. Мораме да направиме простор за помладите. Треба да се погрижите да немате една сезона премногу, мора да го пронајдете вистинскиот баланс.

Отсекогаш сум велел дека ќе престанам кога тоа ќе го побара моето тело. Мислам дека ми остануваат уште две добри години. Но, што се однесува до француската репрезентација, мислам дека тоа ќе биде крајот, изјави Жиру за „Л’Екип“.

Франција која во осминафиналето на ЕП 2020 беше елиминирана од Швајцарија, титулата европски првак последен пат ја освои во 2000 година. На ЕП во Германија, „триколорите“ се во групата со Австрија, Холандија и Полска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО