Ајакс со млад, неискусен тренер им се враќа на основните вредности!

Младиот италијански фудбалски стручњак, Франческо Фариоли (35) официјално беше претставен како нов тренер на холандскиот великан Ајакс. Фариоли доаѓа во редовите на „копјанциите“ откако минатата сезона ја предводеше француската Ница.

– Среќен сум што добив можност да работам во толку голем клуб. Сакаме да се вратиме на основите и да се поврземе со она што го претставува Ајакс. Исто така, сакаме да внесеме нова енергија со позитивен начин на работа и размислување. Свесен сум дека има многу работа, но веќе почнавме со подготовките, порача младиот стручњак кој потпиша договор до 30 јуни 2027 година.

Фариоли ја почна тренерската кариера во 2009 година во младинските категории на неколку италијански клуба, како тренер на голмани.

Во средината на 2020-та беше назначен за помошник тренер во Аланиаспор во Турција, а во пролетта 2021 година стана главен тренер во Фатих Карагумрук, во турската Суперлига што го направи најмладиот тренер во турската лига досега. Во декември 2021 година стана прв тренер на Аланиаспор, а во јуни минатата година дојде во Ница.

– Франческо е тренер кој страствено се бави со професијата, тој размислува за се’, до најмалите детали и може ефективно да ги пренесе своите размислувања до тимот.

Станавме големи ентузијасти преку разговорите што ги водевме со него, а од начинот на работата и размислувањето за фудбалот можете да видите колку е интелигентен човек и колку добро може да комуницира со луѓето, што е исто така многу важен дел од работата, изјави техничкиот директор на Ајакс, Алекс Крос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО