Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, смета дека поразот на Унгарија во првото коло значи дека тие ќе бидат под поголем притисок отколку Германија.
Германците во петокот во Минхен, во првиот натпревар на Европското првенство (ЕП) убедливо ја победија Шкотска со 5:1, додека Унгарија следниот ден во Келн, загуби од Швајцарија со 1:3.
– Поради резултатот од првиот натпревар Унгарија е под малку поголем притисок од нас. Ќе мора да игра поофанзивно отколку против Швајцарија, бидејќи нов пораз за нив може да значи и елиминација од ЕП, изјави Нагелсман на прес-конференцијата пред денешниот натпревар (18 часот).