Кварацхелија: По ЕП ќе одлучам за иднината

Фудбалерот на грузиската репрезентација и на Наполи, Квича Кварацхелија зборуваше за тоа кога ќе го реши прашањето за иднината во клубот по поразот на натпреварот од 1. коло на ЕП со Турција (1:3).

– По Европското првенство ќе одлучам за иднината. Сeга сакам да пружам се’ што можам на теренот за да му помогнам на мојот тим. Не размислувам што зборуваат луѓето, 100 насто сум фокусиран само на Грузија, изјави Кварацхелија за „Скај спорт Италија“.

Францускиот првак, ПСЖ се спомнува како главен интересент за ѕвездата на грузиската репрезентација. Претходно, агентот и таткото на Кварацхелија изјавија дека тој сака да го напушти италијанскиот клуб и да игра за тим што се натпреварува во Лигата на шампиони (ЛШ).

По ова, Наполи излезе со соопштение во кое потсети дека фудбалерот има важечки договор со клубот и во моментов не е на продажба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО