Нагелсман отпиша еден голман за ЕП, Матеус изненаден

Германија и Шкотска во петок, на арената „Алијанц“ во Минхен, од 21 часот, ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство (ЕП).

Селекторот на домаќинот на турнирот, Јулијан Нагелсман го објави конечниот список на репрезентативци и на него се најдоа тројца голмани: Мануел Нојер (38) од Баерн, Марк-Андре Тер Штеген (32) од Барселона и Оливер Бауман (34) од Хофенхајм.

Нагелсман на прелиминарниот список го имаше и Александар Нибел (27) од Штутгарт, како четврти голман, но тој нема да биде во тимот на Германија на ЕП.

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матаус (63), кој со Баерн освои 15 трофеи во 80-те и 90-те години, а беше европски првак 1980-та и светски првак 1990 година со Германија, не се согласува со исфрлањето на Нибел.

Нагелсман во средината на мај изјави дека ќе води четворица голмани, но пред почетокот на турнирот се предомисли. „Не ја разбирам оваа одлука, бев многу изненаден. Жал ми е за Нибел бидејќи имаше извонредна сезона“, ја пренесува Билд, изјавата на Матеус.

– Би било логично Нибел да биде во тимот. Штутгарт имаше голема корист од неговите добри настапи. Потоа, тој како 27-годишен е единствениот помлад голман кој ќе ни биде потребен во иднина, па дефинитивно би го зел, истакнува Матеус.

Нојер и Тер Штеген со години се меѓу најдобрите светски голмани и постојано се во националниот тим. Според тоа, дилемата е меѓу Бауман и Нибел.

Бауман е капитен на Хофенхајм, и минатата сезона забележа 36 настапи, прими 68 гола, завршувајќи на седмото место во Бундеслигата. За Хофенхајм тој брани од 2014 година, а претходно беше член на Фрајбург. Трансфермаркт го проценува на три милиони евра.

Нибел е седум години помлад од Бауман. Станува збор за голманот кој со Штутгарт го освои сензационалното второ место во Бундеслигата сезонава, пред Баерн, на 34 меча прими 39 гола, а на 14 натпревари не ја извади топката од мрежата.

Во кариерата бранеше за Падерборн, Шалке и Монако, а сега е член на Баерн кој му го позајми во Штутгарт. Неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.

Составот на Германија на ЕП:

Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Нојер (Баерн), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)

Одбрама: Валдемар Антон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикс (Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд), Џонатан Тах (Баер Леверкузен)

Среден ред: Роберт Андрих (Баер Леверкузен), Крис Фирих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гундоган (Барселона), Тони Крос, Џамал ​​Мусиала (Баерн), Александар Павловиќ (Баерн), Лирој Сане (Баерн), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)

Напад: Максимилијан Бејер (Хофенхајм), Никлас Фулкруг (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Милер (Баерн), Дениз Ундав (Штутгарт)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО