Шпанската тениска легедна, Рафаел Надал се надева дека ќе може да се врати на терените на Барселона опен кој е на програмата следната недела, изјави синоќа 22-кратниот грен слем шампион.
– Прв тренинг… со надеж дека ќе бидам тука деновиве пред почетокот на турнирот, напиша Надал на социјалните мрежи.
Тука сум за да видам како ќе биде… со желба да се обидам да играм. Важно е дека не сакам да потврдам оти ќе играм, туку дека ќе се обидам, дополни 37-годишниот тенисер.
Надал беше принуден да се повлече од Мастерсот во Монте Карло минатиот четврток, откако не се опорави навреме од повредата која го мачи од почетокот на сезоната.