(ФОТО) Скандал во ЛШ: Коментаторот ја навреди ѕвездата на Барса, играчите одбија да дадат изјави

Барселона го победи ПСЖ на гости со 3:2 во првиот од четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ). Сите телевизии добија изјави од играчите на двата тима по натпреварот, но не и шпанската „Мовистар“.

Виновникот за тов е поранешниот голман на Атлетико, Херман Бургос, кој ја навреди ѕвездата на Барса, Ламине Јамал. Додека зборуваше во студиото, на стадионот, пред натпреварот, Јамал жонглираше со топката зад него.

– Доколку нема успешна фудбалска кариера, ќе може да жонглира на семафорите секоја вечер, рече Бургос за Јамал, чија вредност се проценува на 200 милиони евра.

Неговиот коментар наиде на жестоки критики на социјалните мрежи, а стигна и до играчите на ПСЖ и на Барселона, кои одбија да дадат изјави за „Мовистар“ по натпреварот и побараа негово извинување.

– Немав намера да го навредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам, изјави Бургос по натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО