Надал ќе го прескокне Вимблдон, и ќе се подготвува за Олимписките игри

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (38) реши да не настапи на годинашниот грен слем турнир во Вимблдон, за да што подобро се подготви за Олимписките игри (ОИ) кои на крајот на јули почнуваат во Париз.

Надал триумфира на тревата на Вимблдон во 2008 и 2010 година, но 14 од 22-те грен слем титули освои на Ролан Гарос, на земја

Олимпискиот турнир ќе се игра на земјена подлога, а Надал планира да игра во сингл и во двојки, со Карлос Алкараз.

– Цело ова време тренирав на земјена подлога, а откако вчера дознав дека ќе настапам на Игрите во Париз, мислам дека е најдобро моето тело дотогаш да не менува површини. Жал ми е дека тоа значи оти нема да играм на Вимблдон поради одличната атмосфера на тој голем турнир кој секогаш ќе биде во моето срце, објави Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО