Наградниот фонд на Вимблдон зголемен на рекордни 50 милиони фунти

Грен слем турнирот на Вимблдон ќе има рекорден вкупнен награден фонд од 50 милиони фунти што е двојно повеќе од 25-те милиони фунти во 2014 година. Вкупниот награден фонд во однос на лани е зголемен за 11,9 насто, односно за 5,3 милиони фунти.

Победниците во поединечна конкуренција, мажи и жени, ќе добијат по 2,7 милиони фунти. Лани шампионите, Карлос Алкараз и Маркета Вондрушова добија по 2,35 милиони.

– Она што е важно од грен слемовите е тоа што го добиваме назад. Нашиот профит се враќа во тенисот, но им даваме многу пари и на играчите, изјави претседателката на Ол Ингланд клубот, Деби Џиванс.

Поразените во поединечна конкуренција во првото коло ќе добијат по 60.000 фунти, што е зголемување за 5.000 фунти во споредба со лани. Ќе се зголеми и паричниот фонд за квалификациските натпревари, за 14,9 насто.

Третиот годинашен грем слем турнир на Вимблдон почнува на 1 јули и ќе трае до 14 јули.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО