Надал имаше средба со новинарите

Некогашниот број еден на АТП листата, шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, објасни во кој случај ќе настапи на Отвореното првенство на Франција 2024 година.

-Ако дојдам во Париз во состојбата во која сум сега, нема да играм. Нема да биде крај на светот или крај на мојата кариера,рече 22-кратниот грен слем шампион со напомена дека размислува и за настап на летната Олимпијада во Париз.

Познато е дека Грен Слем собирот на терените на „Ролан Гарос“ во Франција ќе биде во терминот од 26 мај до 9 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО