Феенорд ја одби првата понуда од Ливерпул за Слот

Ливерпул веќе почнал да разговара за условите на личниот договор со Арне Слот.

Претходно стана јасно дека 45-годишниот стручњак е главен кандидат на Ливерпул да го замени Јирген Клоп како главен тренер.

„Црвените“ понудија 9 милиони евра за Слот, но Феенорд одби и бара повеќе.

Според Фабрицио Романо, англискиот клуб веќе разговара за условите на личниот договор со Арне Слот, чии интереси ги застапува Рафаела Пимента.

Тренерот се согласи на овој потег во вторникот по првичните разговори со клубот од Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО