Начо од следната сезона ќе игра во МЛС лигата

Начо ја потврдил својата одлука да си замине од Кралскиот клуб во кој ја мина целата досегашна кариера.

Начо повече од 20 години е во Реал, најпрвин беше во младинските категории, па во Б тимот, а повеќе од една деценија во првиот, и важи за фудбалер кој го сакаат навивачите поради посветеноста (никогаш не правел проблем што најчесто е резерва) и борбеноста со кои ги надоместува своите послаби страни.

Весникот „Марка“ објави вест дека Начо за кој се шпекулираше дека има понуда од гигант како Интер Милано, и некои клубови од Саудиска Арабија, одлучил кариерата да ја продолжи во САД, во тим од МЛС лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО