Дербито со „висок ризик“ во Сплит мина без поголеми проблеми, приведени само 36 навивачи!

Сплитската полиција приведе 36 навивачи и пронајде 205 пиротехнички средства пред, за време и по натпреварот одигран во саботата вечер на „Пољуд“ меѓу Хајдук и Динамо (0:1).

Деликвентите се уапсени заради прекршување на Законот за спречување нереди на спортските натпревари и за нарушување на јавниот ред и мир.

Како што се дознава, од нив биле одземени вкупно 205 пиротехнички средства, од кои 179 полицијата  пронашла околу стадионот.

Сплитската полиција не евидентирала други поголеми инциденти. Придружувањето на гостинските навивачи минало без проблеми.

Дербито беше прогласено за натпревар „висок ризик“, а на „Пољуд“ го следеа 32.000 навивачи, од кои 1.500 беа гостински.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО