На денешен ден пред 115 години се одигра првиот фудбалски меч во Македонија

На денешен ден, 9 април, во 1909 година на импровизираното игралиште зад некогашното Учителско училиште во населбата Идадија (Ислахама), беше одигран првиот фудбалски меч меѓу два тима на турски војници.

Фудбалот во Македонија го донесоа турските офицери кои биле на школување во западно-европските земји. Година дена подоцна, скопските Евреи по потекло од Солун,  браќата Салвадор и Пејп Мустафија ја донесоа во Скопје првата фудбалска топка, направена од кожа.

Во 1911-та е формиран првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО