Мурињо не мирува: Неделава средба со претседателот на Наполи, Де Лаурентис

Нема мир за поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој неодамна доби отказ од Рома. Според весникот „Тајмс“ тој неделава треба да се сретне со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, што значи дека би можел набргу да се врати во Серија А.

Наводно Мурињо (60), би ја презел тренерската функција во првакот на Италија, од Валтер Мацари. Португалскиот тренер беше поврзуван и со преселба во Њукасл,  во Челси во Премиер лигата, во саудискиот про-лигашки клуб Ал-Шабаб итн.

Тајмс понатаму тврди дека поранешниот менаџер на Реал Мадрид, Челси и на Манчестер јунајтед сака да остане во Италија, и оти сака да води тим со поголеми ресурси од Рома.

Откако си замина Лучијано Спалети, Наполи исто така имаше потешкотии да ја одржи формата од претходната сезона кога ја освои титулата. Руди Гарсија, замената на Италијанецот, беше отпуштен во ноември. Наполи кој има краткорочен договор со Мацари забележа четири победи на 11-те натпревари под негово водство.

Сепак, експертот за трансфери, Фабрицио Романо, ги демантираше извештаите кои го поврзуваат Мурињо со Наполи.

-Мурињо не може да биде тренер на Наполи сезонава поради италијанските правила, така што нема ништо во тие приказни. На лето, ќе видиме што ќе се случи, има уште многу време дотогаш. Наполи не одлучил ништо за новиот тренер и ќе му треба време да избере. Мурињо исто така не се брза, ќе му треба малку време да реши за следниот чекор, истакнува Романо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО