Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе добива годишна плата од 11,5 милиони долари на чело на турскиот гигант Фенербахче, пренесува агенцијата АП.
Информации за бонусите на основната плата на специјалистот не беа објавени. Повеќе од него заработуваат само Диего Симеоне, Пеп Гвардиола и Стивен Џерард.
Целта за Португалецот е освојување на турската лига. Фудбалерите на Фенербахче една деценија не триумфираа во локалниот шампионат и сега управата на клубот бара промена.
Мурињо за прв пат по 20 години ќе предводи тим кој не е дел од топ 5 европските првенства.
Во својата долга тренерска кариера, Жозе Мурињо беше на чело на некои од најголемите клубови на Стариот континент, вклучувајќи ги Бенфика, Порто, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем и Рома.