Мурињо доби отказ од Рома, Њукасл следна дестинација!

Жозе Мурињо (60) доби отказ од Рома, тимот што моментално е деветти во Серија А. Португалецот ја презеде Рома во мај 2021 година и ја предводеше до трофеј во Лигата на конференции во 2022-та и до финалето во Лига Европа во 2023 година.

Рома која е во лоша резултатска серија, со само една победа на последните пет меча, заостанува пет бода зад четвртопласираната Фиорентина, и местото што води во Лигата на шампиони (ЛШ).

Минатата недела Рома беше елиминирана од Купот на Италија, од градскиот ривал Лацио. По тој пораз Мурињо себеси се спореди со Хари Потер, сугерирајќи дека неговиот профил „ги подига очекувањата“ за тоа што може да постигне Рома.

По тој пораз уследи уште еден, во првенството, од Милан, 1:3 во неделата

Сопствениците на Рома, Ден и Рајан Фридкин му се заблагодарија на Мурињо „за страста и за посветеноста што ја покажа“ како шеф!

-Секогаш ќе имаме одлични спомени од неговото водство, но веруваме дека во најдобар интерес на клубот, неопходна е итна промена, се додава во клупското соопштение.

Веднаш по отказот почнаа и шпекулациите за следниот клуб на Мурињо. Наводно тој сака да се врати во Порто, клубот со кој ја освои ЛШ во 2004 година. Но во британските медиуми се наведува дека Мурињо би можел да заврши во Њукасл, на местото на Еди Хау на кого не му оди така добро како лани.

Мурињо кој во една пригода се опиша себеси како „мала страчка“ своевремено работел како помошник на легендата на Њукасл, Боби Робсон во Барселона, најпрвин како преведувач пред да се пресели на тренерската клупа и да му стане помошник.

Мурињо има освоено три титули во Премиер лигата и две во ЛШ. Но тој доби отказ од последните четири тима, од Рома, Тотенхем, Манчестер јунајтед и од Челси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО