Мото ГП: Маверик Вињалес победи во Тексас по „хорор“ стартот

Победата на Мото ГП трката за Големата награда (ГН) на Америка беше прва сезонава за Шпанецот Маверик Вињалес кој успеа да го надмине лошиот старт. Вињалес (29), кој победи на спринт трката во саботата, ја почна трката од пол-позицијата, но по „хорор“ стартот, по првиот круг падна на 11-то место!

Победата од Вињалес на Априлја значи дека тој е првиот возач кој победил на трка со три различни производители на моторцикли, откако во минатото триумфирал со Сузуки и со Јамаха.

– Чувствував како сите да ме туркаат. Беше спектакуларно. Што да кажам? Историјата е создадена. Сонувам. Супер среќен сум… Не знам колку претекнувања направив!, рече тој.

Тинејџерот, дебитант во Мото ГП, Педро Акоста го освои второто место, а Енеа Бастианини беше трет. Хорхе Мартин, водечкиот во поредокот, заврши на четвртата позиција.

Мартин е лидер со 80 поени, 21 повеќе од Бастианини на втората, и пред Вињалес на третата позиција, кој има 56 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО