Мота заминува од Болоња, во Јувентус?

Италијанскиот фудбалски инсајдер, Алфредо Педула пишува дека Болоња „нема шанси“ да го задржи Тиаго Мота на тренерската клупа и во следната сезона.

Според Педула, Мота има отворен пат да биде следен тренер на Јувентус, каде се’ поизвесно е заминувањето на Масимилијано Алегри. Челси покажува интересирање за Мота, но еден од најдобрите млади тренери сака да остане во Италија.

Мота наводно веќе неколкупати разговарал со првите луѓе на „старата дама“. Навивачите на Јувентус се надеваат дека Мота ќе може да ги убеди Киеза и другите клучни фигури во тимот да останат во Торино и следната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО