Мораше да помине цела една деценија, за „милионерите“ да го „закопаат“ Баерн Минхен

Фудбалерите на Борусија Дортмунд вчера успеаја да победат на гостувањето кај Баерн во Минхен и со тоа да ја прекинат серијата која им трае 10 години, во кои немаа победа на ова гостување.

Ова беше дерби на 27. коло во Бундеслигата, а по поразот, тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, истакна дека битката за титулата со овој пораз им е скоро завршена работа па им честиташе на Баер Леверкузен.

Прв пат по цели 13 години, „Дер Класикер“ е одигран, а притоа ниту една од двете екипи да не е на првата позиција, што е доста интересно.

Ниту една од двете екипи не блескаа во дербито, но сепак „милионерите“ ја однесоа победата бидејки беа нешто поконкретни, а Баерн не можеше да се состави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО