Манчестер Јунајтед синоќа успеа да однесе само бод од гостувањето кај Брентфорд, иако во 96. минута беа во ситуација да си го чуваат тешко стекнатото водство.
Натпреварот беше тврд и на двете страни, се чуваа мрежите и не беше постигнат гол, се до таа 96. минута, кога Мејсон Маунт успеа да го постигне својот прв гол за клубот во Премиерлигата.
Но веднаш потоа, следуваше шокот за „црвените ѓаволи“, бидејки по една мешаница во нивниот простор, домаќините изедначија на 1:1.
До крајот на средбата се играше уште неколку минути, но двете екипи внимателно си го чуваа својот гол и се задоволија со по бод.
– Успеавме да дадеме гол во продолжението, во тој момент ги добивавме, па потоа се случи она неочекувано во нашата одбрана. Разочарани сме од нивнито гол, моравме да победиме. Покажавме и на претходните натпревари дека имаме страст, играме со жар, но ете, не успеавме да победиме. Брентфорд беа подобри од нас на овој натпревар, покажаа поголема страст од нас.
– Знам дека секогаш по интернационалната пауза знае да биде вака, играчите се надвор од ритамот, во различна ситуација сме. Овде, за малку не победивме и за тоа може да жалиме. Имавме одредени грешки, моравме да одреагираме поинаку во одредени ситуации, мислам дека Брентфорд посакуваше и повеќе од нерешено на оваа средба“, порача Тен Хаг.