Денот кога Џордан ја шокира Америка и планетата – и реши да ја остави кошарката

На денешен ден 31. март 1994 година, легендарниот Мајкл Џордан, ја шокира цела спортска јавност, кога реши да стави крај на играњето кошарка и да се испроба во друг спорт. Тој реши да игра во развојниот тим на Чикаго Вајт Сокс и со тоа тој ја започна неговата бејзбол кариера.

„Летечкиот“ како што го нарекуваше НБА публиката, го шокира светот откако се повлече од спортот во кој беше доминантен и замина во сосема друг спорт. Тој едноставно не сакаше да седи долго без некоја работа, па реши да гради кариера со бејзбол.

Мајкл Џордан не се снаоѓаше баш како под обрачите, па набрзо беше прекомандуван во развојниот тим на Бирмингем Баронс. Со своите игри таму во пониска лига, остана да ги импресионира тамошните луѓе, па по крајот на таа сезона, реши повторно да се врати на кошаркарските терени.

Според многумина, Џордан со тој потег погреши бидеки ја извалка својата оставштина во кошарката, како и статусот на најголем кошаркар на сите времиња. Неговиот агент, Дејвид Фалк, го бранеше својот клиент за тој потег.

– Мајкл оствари се што може да оствари еден крај во кошарката, а потоа остави се и замина да игра бејзбол. Се ризикуваше, со цел да се натпреваува, а немаше никаква добивка, тоа е есенцијата на спортот. Некои луѓе тогаш го навредија Мајкл и тој од тогаш наваму не сака да разговара со тие луѓе, порача Фалк.

Но како и да заврши тоа со бејзболот, тој се врати 1995 година со биковите. Таа прва сезона тимот испадна во финалето на Истокот од Орландо Менџик, но веќе следните три години, титулата беше повторно нивна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО