Македонскиот олимписки комитет ќе добие дополнителна финансиска и логистичка поддршка за реализација на амбициозните планови и програми за успешни резултати на македонските спортисти.
Воедно, македонскиот спорт ќе добие поддршка и во спортска техника и опрема од различни меѓународни спортски федерации се со цел што поуспешна организација на Европските младински олимписки игри што треба да се одржат во Скопје во 2025 година. Тоа доаѓа како резултат на работните средби што ги остварија претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски во рамките на 53. Генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК) што се одржува во Букурешт, Романија.
Димевски и Поповски имаа разговори со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах и претседателот на ЕОК, Спирос Капралос.