Алегри може да се врати во Милан

Медиумите во Италија објавија дека челниците на Милан имаат резервна варијанта за нов тренер доколку пропаднат преговорите со Паоло Фонсека.

Иако Португалецот е на чекор до ангажман на – „Сан Сиро“ очигледно преговорите не одат во посакуваниот правец. Затоа „росонерите“ како втора опција го гледаат Масимилијано Алегри, кој пред извесен период доби отказ од Јувентус.

Алегри беше на клупата на Милан од 2010 до 2014 година кога ја освои титулата во Серија „А“ и Супер Купот на Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО