Лука Модриќ е еден од најстарите фудбалери на ова ЕП во Германија, а по мечот со Албанија (2:2), не беше баш расположен за средба со новинарите.
Капитенот на Хрватска се обиде да даде одговори кои му беа поставувани, но во микс зоната имаше и едно прашање кое го исфрли од такт, па ја напушти пресконференцијата, односно обраќањето до медиумите.
На прашањето што ќе добие приоритет за мечот со Италија, кој за Хрватска е да се биде или не, дали младоста или староста, Лука на тоа кратко прокоментира.
– Ма дај, ајде да заминам..“, порача и замина од микс зоната.