Британските медиуми денеска известуваат дека некогашниот прославен голгетер од редовите на Манчестер Јунајтед, Руд Ван Нистелрој, е на прагот да стане тренер на тимот кој минатата сезона беше испратен во Чемпионшип дивизијата.
Досегашниот тренер на Барнли, Винсент Компани, стана тренер на Баерн Минхен, па тоа празно тренерско столче на крајот може да биде пополнето од холандскиот стратег Руд Ван Нистелрој.
Барнли беше елиминиран од Премиерлигата, но покажува знаци на живот, односно најавува дека има амбиции за враќање во фудбалската елита на Англија.
Холанѓанецот мина една сезона како тренер на ПСВ, а сега е слободен за нови ангажмани. Со нив ги освои КНВБ Купот и Суперкупот на Холандија во кратко време, но поради недоволна поддршка, поднесе оставка од позицијата.
Сега се верува дека Барнли е во контакт со Ван Нистелрој, на кого веќе му доставиле понуда, која Холанѓанецот ја разгледува и бил блиску да ја прифати.