Многумина мислат суеверение, но не – тажна е причината зошто Фоден го носи бројчето 47

Многумина се прашуваа и се уште се прашуваат зошто Фил Фоден во дресот на Манчестер Сити носи доста голем број, 47, но сето тоа крие една тажна посадина.

Фил Фоден го гледаат во Манчестер како еден од носителите на играта во иднина, а Пеп Гвардиола неколку пати низ разни интервјуа, се обиде да посочи дека Фил Фоден за него е посебен играч.

Фоден сезонава е одличен, два пати постигнуваше хет-трикови, а има се позапазена улога во тимот, бидејки Де Бруин и Халанд имаа се почести повреди и се во втор план.

Фил Фоден тоа бројче го носи поради неговиот починат дедо, кој починал токму на 47 години и од таму влече корени ова бројче кое за Фоден е значителен.

– Долго размислував кое бројче да го земам, имам причина да го носам тој број. Би сакал да направам некоја традиција со ова бројче, порача Фил Фоден.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО