Младата фудбалска репрезентација на Македонија обезбеди победа на првиот од двата планирани контролни мечеви овој јуни. Денеска во градот Радом во Полска, избраниците на Драги Канатларовски со 2:1 славеа над силната домашна селекција.
Првиот гол за Македонија го постигна Марио Илиевски во 44. минута. Македонија ја задржа минималната предност на паузата и на полувреме замина со водство (0-1).
На стартот на вториот дел донесе нова кардинална грешка во одбраната на Полска, која овој пат Лука Станковски ја претвори во водство и од 2:0. Полјаците со погодок во 84. минута преку Карол Борис успеаја да намалат на 2:1.
За Македонија следен предизвик ќе биде натпреварот против Босна и Херцеговина што ќе се одигра на 5 јуни во Коњиц.