Младите играчи на Барса соборуваат рекорди во ЛШ

Во екипата на Барселона има неколку искусни играчи, како 35-годишниот полски напаѓач, Роберт Левандовски и 33-годишниот германски играч за врска, Илкај Гундоган, но има и многу млади, супер талентирани играчи.

Тие на мечот со ПСЖ испишаа историја за каталонскиот клуб. Крилниот напаѓач Ламине Јамал (16 години и 272 дена) и дефанзивецот Пау Кубарси (17 години и 79 дена) станаа најмладите играчи кои настапиле во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ). Дефанзивците Жил Кунде и Роналд Араухо имаат по 25 години, додека на 21-годишниот Педри од клупата му се придружи 20-годишниот Фермин Лопез.

Тие можеа и да исплашат и да му подлегнат на притисокот од ПСЖ, но покажаа храброст и смиреност и ја свртеа играта „на глава“. Нивниот тренер Чави рече дека клубот мора да биде „горд“ на своите млади играчи.

-Тие му се посветени на тимот. Среќен сум бидејќи тоа е нова Барса, мислам дека одиме по вистинската патека, додаде Чави.

Барселона игра во оваа фаза за прв пат по 2020 година и стигна до последните четири тима само еднаш од последните пет обиди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО