БЏК куп: Македонските тенисерки продолжуваат против Грузија и Израел

Македонските тенисерки по триумфот во првото коло над Естонија со 2:1 и поразот вчера од Хрватска со 0:3 ги продолжуваат мечевите во рамките на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Вилнус, Литванија.

Македонија како второпласирана во групата ќе разигрува со второпласираните селекции од другите две групи, Грузија и Израел. Македонските тенисерки денеска имаат слободен ден, бидејќи во првиот меч од групата, за пласман од 4. до 6. место, ќе играат Грузија и Израел.

Ваквиот распоред значи дека Македонија ќе игра мечеви во петок и во сабота, но според кој распоред ќе биде познато по завршувањето на дуелот Грузија – Израел.

Во борба за пласман во Првата зона ќе играат првопласираните репрезентации од групите: Хрватска, Литванија и Египет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО