Младинската репрезентација со убедлива победа на стартот од ЕП

Македонската младинска машка ракометна репрезентација со убедлива победа го почна ЕП во Целје.

Македонските надежи на стартот ја совладаа Црна Гора со 31:21 (12:5). Следен противник е селекцијата на Хрватска, меч кој се игра утре во 12 часот.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Узунчев со осум, како и Калајџиески и Субашевски со по пет погодоци, додека голманите Галевски и Брестовац комбинираа 12 одбрани. Во Црна Гора се истакна Добрковиќ со шест гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО