Еден од најголемите норвешки ракометни таленти, Цилјан Сагосен, и официјално го напушта Берген.
По неколкунеделната трансфер сага, 18-годишниот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во данскиот Бјерингбро Силкеборг.
Раководството на Берген потврди дека е постигнат договор со данскиот клуб околу обештетувањето за младиот бек, а според ТВ2, вредноста на трансферот може да достигне и до еден милион норвешки круни (oколу 100.000 евра).
Сагосен уште ова лето ќе му се приклучи на новиот клуб и ќе настапува во данската лига веќе од сезоната 2026/27.