Митревски: Ние ќе влеземе како фаворити против Фарските Острови

Фарските Острови е пречката која стои на патот на Македонија за пласман на Мундијалот во 2025 година.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски се огласи со прва реакција за бараж мечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.

-Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме.
Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи.

Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања”.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО