Минесота преживеа еден меч: Трипл-даблот на Дончиќ недоволен за конечен триумф на Далас

Кошаркарите на Минесота успеаја да слават ноќеска со 105;100 и да остварат прва победа против Далас во серијата (3:1).

Минесота дојде до прва победа и закажа петти меч во серијата. Минесота одлично стартуваше, па Далас беше тој кој мораше да брка негатива и да го стига противникот. По егалот 49:49 во првиот дел, во финишот на вториот дел следуваше голема борба.

Едвардс беше на прагот на трипл-дабл, оствари 29 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Таунс го следеше со 25 кошеви, Конли допринесе со 14.

Кај Далас, Лука Дончиќ запиша трипл-дабл, со 28 кошеви, 15 скокови и 10 асистенции. Ирвинг му беше најблсику со 16 поени.

Петтиот дуел се игра на 31. мај ноќта од 02:30 часот во Минесота, па со евентуална победа на „Тимберволвс“ серијата би можела да стане возбудлива.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО