Тренерот на Партизан Саво Милошевиќ поднесе оставка откако не успеа да се договори со досегашната работна група која раководи со клубот од Хумска.
Милошевиќ ненадејно се решил на овој чекор, а причината е отсуството на договор со челниците околу намалувањето на неговата плата, дознава Телеграф.
Милошевиќ не се согласил на намалување на платата, по разговорите со Расим Љајиќ, Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ, кои ја предводат привремената работна група. Тие најавија големи промени во клубоѕ и истакнаа дека некои од нив нема да бидат „популарни“.
Милошевиќ го презеде тимот на крајот од септември откако Александар Станојевиќ го напушти клубот. Додека тој седеше на клупата, „црно-белите“ забележаа шест победи и два ремија во Суперлигата на Србија.
Како најсериозен кандидат за нов тренер на Партизан се спомнува Саша Илиќ, легендата на клубот, човекот со најмногу натпревари во „црно-белиот дрес, вкупно 861.
Илиќ се прости од Партизан на крајот од сезоната 2018/19, освојувајќи го Купот на Србија, четврти по ред, седми севкупно. Тој има освоено и 11 првенствени титули, двапати играше во Лигата на шампиони (ЛШ), одигра 37 натпревари за националниот тим и постигна четири гола.