Манчестер сити е единствената екипа во Премиер лигата без освоен бод во ноември!

Заврши месецот ноември и во Премиер лигата. Најголем дел од екипите одиграа четири натпревари во текот на минатиот месец, некои „задоцнија“ по еден ден, бидејќи декември почна вчера, па застанаа на три натпревари во 11-от месец од календарската година.

А, само една екипа не освои ниту еден бод во текот на ноември. И тоа не е Евертон, не е Лестер, не е Ипсвич, не е ниѕу Саутемптон…

Единствениот тим што не освои ниеден бодови во ноември во Премиер лигата е актуелниот првак, Манчестер сити. Податок за неверивање, но вистинит!

Последната победа во англискиот шампионат „граѓаните“ ја забележаа на 26 октомври кога на домашен терен го совладаа Саутемптон со 1:0.

Следеше серија од пет последователни порази и седум натпревари без победа, крунисани со вчерашниот колапс против Ливерпул во дербито на Премиер лигата. А, се’ започна на мечот од Лига купот на претпоследниот ден од октомври, кога Сити беше поразен од Тотенхем со 1:2.

Потоа уследи поразот од Борнмут на гости (1:2), од Брајтон исто така на гости (1:2), потоа Тотенхем ги размонтира победувајќи со 4:0 на „Етихад“, пред мечот со црвените вчера (0:2).

Ниту во Лигата на шампиони (ЛШ) не беше подобро. Сити „пукна“ против Спортинг, 1:4, додека против Феенорд ја загуби предноста од 3:0 за 15-на минути и на крајот беше „само“ 3:3.

Кога ќе се погледне ноември во Премиер лигата, Сити беше најлош, а потоа следуваа Астон вила и Ипсвич со по еден освоен бод, Евертон освои два, а Кристал палас три.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО