(ФОТО/ВИДЕО) Почина херојот на Стеауа, Дукадам

Хелмут Дукадам, поранешниот романски голман и човекот кој на Стеауа и го донесе трофејот во Лигата на шампионите (ЛШ), тогаш Куп на европските шампиони (КЕШ) во мечот против Барселона, почина на 65-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми.


Дукадам беше еден од најзаслужните за титулата европски првак на Стеауа, бидејќи и ги одбрани сите четири пенали на Барселона во финалето во Севилја во 1986 година и на тој начин му ја донесе на својот тим најголемата радост во историјата.

Неговите четири одбрани во пенал серијата го ставија во Гинисовата книга на рекорди.


Тој се пензионираше само три години по ова, откако му беше дијагностицирано ретко нарушување на крвта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО