Милнер со 632 меча во Премиер лигата се израмни со Гигс

Џејмс Милнер фудбалерот на Брајтон на мечот на гости против Вест хем (0:0) го забележа 632 настап во Премиер лигата, со што се израмни на второто место на рекордерската листа со Рајан Гигс, поранешниот играч на Манчестер јунајтед.

Милнер има само 21 меч помалку од рекордерот на сите времиња, поранешниот соиграч од Астон вила и од репрезентацијата на Англија, Герет Бери кој има одиграно 653 натпревари.

Милнер кој утре ќе наполни 38 години, дојде во Брајтон минатото лето како слободен играч од Ливерпул и сезонава забележа 18 настапи во сите натпреварувања, од кои 13 во Премиер лигата.

Но тој не ќе може да го изедначи или да го надмине рекордот на Бери сезонава, бидејќи остануваат уште 18 лигашки натпревари. Договорот на Милнер со Брајтон му истекува на крајот од сезонава, но постои опција за продолжување на уште една година.

Милнерс дебитираше на 16 години за Лидс против Вест хем, на 10 ноември 2002 година, како втор најмлад играч во тогашната Прва дивизија. Потоа настапуваше за Њукасл (2004-2008), Астон вила (2008-2010), Манчестер сити (2010-2015) и за Ливерпул (2015-2023).

Милнер има постигнато 55 гола, плус 89 асистенции на 632. натпревари во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО