Анчелоти призна две работи – дека преговарал со Бразил, а другата работа околу Реал Мадрид

Карло Анчелоти денови потврди дека потпиша нов договор со Реал Мадрид, таа информација ја потврди и самиот клуб, со што се стави точка на шпекулациите за неговиот трансфер во репрезентацијата на Бразил.

Навивачите на „кралевите“ ќе можат да бидат мирни, на клупата нема да има големи претумбации и следната сезона, бидејки Карло Анчелоти реши да остане до летото 2026 година.

Италијанскиот стратег потврди дека Реал ќе биде неговиот последен клуб во кариерата, но дека не исклучува можност во иднина и да води репрезентација.

– Цел свет знаеше дека имав преговори со Бразил. Ми годи нивниот интерес и горд сум што ме посакуваа за селектор, но мојот приоритет беше Реал Мадрид, со кој во исто време преговарав за обновување на соработката. Јас се заблагодарив до фудбалскиот врв во Бразил, но ќе повторам, ми се остануваше во Мадрид, порача искусниот стратег.

Тој до 2026 година ќе биде дел од Реал Мадрид, а потоа, кој знае, можеби и селектор на Бразил, доколку во него има уште сок кој може да биде исцеден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО