Милевски: Немам коментар за пеналите, само мораше да бидеме похрабри

По денешниот пораз од Чешка на пријателскиот меч во Храдец Кралове, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски имаше свој коментар за случувањата на теренот.

„Честитки за моите момци, особено за одиграното второ полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувреме. Вториот дел жалам што не почнавме да играме малку порано, некако ни недостасува таа самодоверба во игра со топка во нога. И честитам на Чешка и и посакувам успех на претстојното ЕП. Реков и пред мечот дека не чека еден сосема поразличен противник од Хрватска. Нивната игра е на база на сила. Во поголемиот дел задоволен сум како париравме, но кога имавме посед требаше да бидеме похрабри“, заклучи селекторот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО