Барди: Повеќе нема „пријателски“ натпревари, сите се важни

Според капитенот на Македонија, Барди, натпреварите против Молдавија (утре, 15.30 часот) и против Црна Гора, на 25 март во Анталија, се добар тест за да се види моменталната форма на репрезентативците, но и да се поправат грешките од некои претходни средби.

– Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Повеќето фудбалери играат доста и редовно за своите клубови. Треба да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не’ чека во септември.

Подготвени сме за секоја улога што ќе ни ја додели селекторот. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да одиграме што е можно подобро.

Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП и може многу да ни помогне за Лигата на нации. Анализиравме и подготвени сме за Молдавците. Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел за Македонија, истакна Барди на пресот во Анталија.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО